Нова трага: Мобилниот на Тијана лоциран на 15 километри од границата со Унгарија


На 15 километри од граничниот премин на Унгарија во петокот е лоциран сигнал од мобилниот телефон на исчезнатата Тијана Јуриќ.

– Првиот пат телефонот е лоциран на два километри од границата со Унгарија во Србија. Меѓутоа апаратот подоцна го лоцирал нејзиниот телефон на територијата на Унгарија, открива извор кој е дел од истрагата.

498440_tijana_fКако што пренесува српски Курир, иако телефонот е лоциран, сеуште не се знае кај кого е мобилниот, но се претпоставува дека не е во Тијана.

– Не ја исклучуваме можноста дека мобилниот е фрлен негде во вода или дека му е извадена батеријата, што претставува дополнителен проблем, додал изворот за Курир.

Според него, кобна грешка во истрагата е направена уште првиот ден по исчезнувањето.

– Грешката е направена уште првиот ден кога обвинителот издаде одобрение за лоцирање, но полицијата се држеше до законот, кој предвидува дека треба да поминат 48 часа пред да се издаде налог за потрага. Тоа е така законски, но секогаш постои можносст истрагата да се забрза, посочил изворот.

Во потрагата по исчезнатата Тијана се приведени и испитани сите осудувани лица од територијата на Суботица, но и тоа не помогна да се установи причината за исчезнувањето на Тијана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1