Персоналот од аеродромот во Гетвик живеело во страв од зараза од ебола 39 часа. Имено, 72-годишна жена во саботата слетала со авион од Сиера Леоне и по излегувањето од терминалот паднала на земја. Била превезена во болница, но таму и` констатирале смрт.
Со оглед на тоа што Сиера Леоне е држава со најмногу мртви од ебола, набрзо се појави страв од ширење на вирусот во аеродромот на англиската престолнина.
На починатата жена се направени бројни испитувања кои на крајот покажаа дека не била заразена со вирусот од ебола. Па така, и покрај неколку слични случаи, Велика Британија и понатаму е поштедена од оваа болест.