Паника од Ебола во Лондон – Жена паднала мртва кога се симнала од авион од Сиера Леоне


72-годишна жена која долетала од Сиера Леоне во Лондон, паднала мртва веднаш по излегувањето од авионот.

aerodrom_londonПерсоналот од аеродромот во Гетвик живеело во страв од зараза од ебола 39 часа. Имено, 72-годишна жена во саботата слетала со авион од Сиера Леоне и по излегувањето од терминалот паднала на земја. Била превезена во болница, но таму и` констатирале смрт.

Со оглед на тоа што Сиера Леоне е држава со најмногу мртви од ебола, набрзо се појави страв од ширење на вирусот во аеродромот на англиската престолнина.

На починатата жена се направени бројни испитувања кои на крајот покажаа дека не била заразена со вирусот од ебола. Па така, и покрај неколку слични случаи, Велика Британија и понатаму е поштедена од оваа болест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1