Ако 3 пати ви се расипе мобилниот, четвртиот пат под гаранција мора да ви дадат нов


Најчести проблеми, според Организацијата на потрошувачи се јавуваат при сервисирањето на мобилни телефони, кои се сервисирале повеќекратно, а по враќањето на производот кај потрошувачот, недостатокот не бил воопшто отстранет, па производот повторно бил даден на сервис, пошува Вечер

iphone phone mobil11Во првата половина од годинава потрошувачите во Македонија најмногу се пожалиле на сервисирањето и продажбата на неквалитетни технички апарати. Во Организацијата за заштита на потрошувачи имало 502 јавувања, а најмногу 20% се однесувале на мобилните телефони, 7% на телевизори и 4% на таблети, лаптоп и десктоп-компјутери.

– Најчести проблеми се јавуваат при сервисирањето на овие производи, кои се сервисирале повеќекратно, а по враќањето на производот кај потрошувачот, недостатокот не бил воопшто отстранет, па производот повторно бил даден на сервис. Честа појава е потрошувачите да купат производ кој не функционирал, од што може да се претпостави дека бил продаден со недостаток. Кај ваквите случаи, многу ретко потрошувачот добива нов исправен производ веднаш, туку производот со недостаток се праќа на сервис, информираат од Организацијата.

Потрошувачите се пожалиле и на други производи – мебел, обувки, возила и резервни делови. Кај мебелот поплаките се однесувале на долгиот период на чекање на испорака или неквалитетна изработка.

Во Организацијата се евидентирани и 129 јавувања со поплаки за добиени услуги. Од нив 23% се однесуваат за туристичките агенции, особено во вториот квартал од годината. Потрошувачите, како што посочуваат од Организацијата, најчесто се жалеле на неисполнување на делови од понудата, како недобивање соба со поглед на море, ол-инклузив услуги, превоз од аеродром до хотел, бесплатни лежалки и други елементи кои биле однапред договорени со туристичката агенција и биле дел од понудата.

Апелираат до потрошувачите да не чекаат, и веднаш, во рок од 8 дена од враќањето од патувањето да поднесат приговор до самата агенција, и да почекаат разумен рок од 15 дена да им врати одговор на приговорот. Доколку добијат негативен одговор, или не добијат воопшто одговор, да се обратат до Државниот пазарен инспекторат, кој постапува согласно своите законски надлежности, но исто така можат веднаш да започнат судски спор, односно да поднесат тужба со барање надомест на штета.

1012-debitcard_full_600Од Организацијата посочуваат дека се уште е присутен проблемот со тргувањето на интернет на одредени интернет страници. Потрошувачите константно се жалат на измами и неквалитетни производи за кои најчесто нема овластен сервис за производите што ги купуваат при тргувањето на овие интернет продавници.

Од доменот на јавните услуги на национално ниво во Организацијата на потрошувачите имале 115 јавувања од кои најголем дел 33 проценти биле за мобилната телефонија. Најчест проблем се стари сметки за кои потрошувачите тврдат дека се навремено платени, а мобилните оператори поради грешка во системот доставиле побарување за наплаќање на заостанат долг кој не бил прикажан во претходните сметки.

Како проблем во јавните услуги на национално ниво се јавувања за испорака на електричната енергија со 28 проценти. Потрошувачите се жалеа на неисправност на мерните апарати, нелогични големи суми на сметки за електрична енергија кои им се доставувале за викендички или други објекти кои не се користат секојдневно. Исто така исклучените граѓани се жалеа за превисоки сметки за повторно приклучување.

fiskalna smetkaВо делот на специјалистичките советувања имало 108 јавувања, а најголем дел 52,7 проценти во делот на финансиските услуги, исхрана (26,8%), домувањето (18,5%) и правата на пациентите (12%). Потрошувачите се жалеа и на квалитетот на одредени видови храна, како што се на пример лебот, мармаладот, млекото и сл. Тие велеа дека често се случува да најдат производи со поминат рок, или дека во некои продавници трговците сами го менувале рокот на траење на производите.

Според статистиката на Организацијата, во првите шест месеци од годинава се јавиле 965 потрошувачи кои побарале некој вид совет, по пат на телефон, мејл или лично. Од советувањата 857 се општо правни, а 108 се специјалистички советувања за исхрана, финансиски услуги, права на пациенти и домувања. Најголем дел од советувањата се направени преку телефон 59 проценти, 34 преку електронска пошта и седум лично.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1