-Не можев да го избегнам судирот. Возачот на „Фиестата“ брзаше како куршум и оддеднаш излета во мојата лента додека го претекнуваше камионот. Возеше брзо, сигурно 100 или 150 на час, иако на тој дел од патот е дозволена брзина од 80 километри на час.
Се обидов да ја избегнам несреќата и отидов лево, а тогаш се случи судирот, раскажува за „Ало“ Драган Маринковиќ (34) кој во страшната сообраќајка кај Удово ги загуби 8 месечниот син Андрија и братот Никола (24).
Драган вели дека Рајко Радојковиќ (21) од Ниш при полна линија претекнувал камион и дека немало шанси да се избегне несреќата.
-Кога излегов од автомобилот му реков: „Дали си ти нормален човече?“, а тој ми одговори „Не знам“. Ми делуваше дрогирано. Ги извлеков децата и соругата од автомобилот бидејќи чадеше и беше полн со гас и бензин, а потоа со еден човек успеав да го извадам и братот Никола. Лежеа на патот. Подоцна бев во иста болница со Милица Нововиќ (19) од Франкфурт, девојката на Рајко, која ми кажа дека тој брзал во Србија бидејќи веќе немал македонски денари, раскажува Драган кој во Скопје е со тешко повредената сопруга Марија (30) и синот Матија (5) на кој му е скршена ногата и карлицата.
За српски Курир пак, таткото вели дека неговата сопруга и синот се во добра состојба. Та се уште не знае за трагедијата, додека синот Матија, иако мал, е свесен дека нешто лошо се случило.
-Матија се опоравува, а се чини дека и на Марија и е подобро. Свесна е, комуницира, но уште не знае што се случило. Не знае дека нашиот осуммесечен син и мојот брат Никола настрадаа. Најважно е нејзе да и биде подобро, целосно да заздрави, тогаш се ќе и кажам. Матија е уште мал, но знае дека нешто лошо се случило. Навечер знае да го спомене судирот. Ми вели: „Тато, требаше вака, требаше онака…“ На сите ние многу тешко, додава вознемирениот Драган.
Тој ги повикува сите очевидци на сообраќајната несреќа да му е јават за да се разјанат сите околности околу несреќата, пред се го замолува сопственикот на сивото БМВ со новосадски регистерски таблички да го контактира.