Вчера овде во болница ме посетија неколку пријатели меѓу кои и играчот на Вардар, Влатко Гроздановски, на кого му порачав- јас ја дадов раката, сега чекам тие да ми ја донесат титулата, вели навивачот на Вардар, Горан Николовски или попознат како „Турчин“, во интервју за Спортмедиа.
„Турчин“ во моментов се опоравува во Клиниката за пластична хирургија во Скопје.
Левата дланка на навивачот била во многу лоша состојба кога бил примен во Клиниката за пластична хирургија во Скопје, но по операцијата сега добро закрепнува.
Последните оценки на лекарите се многу охрабрувачки и се очекува тој да остане во болницата околу две недели.