Се самоуби газда на скопски ресторан


Мртов маж вчера попладнето бил пронајден зад ресторанот Имес, во близина на Кејот на Вардар во импровизиран објект.

policija-skopje1-540x320Станува збор за 44 годишниот Мио М., кој според неофицијални информации на порталот Курир, е сопственик на ресторанот Етно буре кој се наоѓа во Лептокарија. Починатиот најверојатно извршил самоубиство, а на неговото тело е пронајдена рана од огнено оружје во пределот на градите.

Од МВР за Курир потврдуваат дека вчера попладнето е пронајдено починато машко лице. Оттаму истакнуваат дека телото на починатиот е предадено на криминалистичка обдукција, по што ќе бидат познати детали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1