Научници од институтот Бурнет ја решија мистеријата за вакцината против хепатит Ц, која кога потполно ќе се развие, ќе може да биде прва превентивна вакцина против овој вирус.
Вакцината која во моментов минува низ предклинички истражувања, е резултат на упорната работа на професорката Друмер и нејзиниот тим од Центарот за вирологија на институтот Бурнет. Повеќе од 200 милиони лица во светот се заразени со хепатит Ц.
Превентивната вакцина би имала непроценливо важно влијание врз глобалното здравје. Друмер и нејзиниот тим ги надминаа најголемите бариери кон конечното решение, успеаа да добијат вакцина која штити од неколку различни видови хепатит Ц.
„Хепатит Ц има голема способност да ја менува својата структура и да го избегнува имуниот систем, поради што развојот на вакцината е комплексен процес. Нашата вакцина е единствена бидејќи ги содржи само најважните делови од протеините, ги спречува антителата да продрат во келиите со што всушност се спречува инфекцијата“ појасни Друмер.