Едно лице се наоѓа под здравствен надзор во Црна Гора откако допатувало од земја во кој е присутен вирусот ебола, соопштија од институтот за јавно здравје.
Од Институтот истакнуваат дека во Црна Гора не е регистрирано ниту едно лице за кое би можело да постои сомнеж дека е заболено од ебола.
Институтот ја следи епидемиолошката ситуација и ги известува Министерството за здравство и другите надлежни институции.