Радикалната процедура која вклучува наизменично земање и вбризгување крв во речиси мртвото тело, би можело да ги врати во живот луѓето кои се на самиот раб на смртта, тврди научникот Дејвид Робсон.
– Кога вашата температура на телото би била 10 степени и кога не би имале мозочни или срцеви реакции, сите би се сложиле дека сте мртви. Јас би можел да ве вратам во живот, вели и научникот Питер од универзитетот од Аризона.
До сега се изведени неколку експерименти врз животни кои покажале дека е возможно телото да се држи во „суспендирана состојба“ неколку часа.
Целата процедура на оживување подразбира целосно празнење на крвта од телото и спуштање на телесната температура на 20 степени под нормалата. Потоа, крвта повторно се вбризгува, а телото постепено се загрева. Кога телесната температура достигне 30 степени, срцето започнува да чука.
– Интересно е што животните еден ден „по смртта“ се чувствуваат збунето, а веќе следниот ден се функционира потполно нормално, тврдат научниците.
Убивање на пациентот да му го спасат животот?
Самјуел Тишеран е третиот научник кој ја разбрани јавноста оваа година, кога соопшти дека е подготвен за експериментирање на човекот.
Првиот пациент би требало да е случајна жртва со тешки повреди кои би предизвикале губење на крвта и престанување на работата на срцето, што би значело дека овој метод е последна шанса за пациентот.
Самјуел објаснува дека повторното работење на срцето е само половина од работата. Многу е важно да се води сметка за нивото на кислород, кој всушност е најголемиот проблем.
Секоја секунда додека телото е во безживотна состојба, клетките не добиваат кислород и полека изумираат. За да се забави овој процес, неопходно е да се разлади телото.
И останатите доктори се оптимистички настроени кон овие тврдења. Тие веќе 2 децении собираат докази за безбедноста на оваа процедура и во главно вршеле експерименти врз свињи.
По пат на ладење на телото и повторно вбризгување на крв, речиси 90% од животните се вратиле во живот без никакви последици.
– Највозбудливиот момент е кога срцето повторно ќе зачука, велат научниците.
Denesen