Уште една жртва од листерија – почина 46 годишен маж од Неготино


Претпладнево во Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 46 годишниот пациент од Неготино, заразен од бактеријата листерија.

infektivnaТој од 3 август е на клиниката со клиничка слика од акутен гастроентероколит. Дополнителните испитувања откриле и инфекција и на централниот нервен систем.

Поради влошување на болеста, неготинецот бил ставен под механичка вентилација, односно на апрати за дишење, но утрово неговата состојба уште повеќе се влошила и тој починал.

Од вчера на Клиниката во Скопје се наоѓа и 16-годишна пациентка исто ткаа од Неготино, кај која листеријата предизвикала воспаление на мозочната обвивка. Нејзината состојба е стабилна. Здравствените власти испитуваат дали двата случаи од Неготино се поврзани, иако пациентите не биле во роднинска врска.

Десет лица заболеа од листерија во Македонија од јуни, од кои половината завршија со смртен исход. Надлежните уште трагаат по изворот на опасната бактерија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1