Девојчето од Штип – ја силувал прв братучед


Девет месеци малолетна штипјанка ја криела страшната тајна, за она што и се случило во декември минатата година, кога во нејзниот дом, нејзин прв братучед ја силувал. Срамот од  јавноста бил главната кочница, за  да не ја открие лузната на душата, што според нејзино кажување пред полициските истражни органи и ја направил двојно постариот роднина.

Молкот го прекинала деновиве, кога случајно го видела силувачот.

siluvanjeВеднаш со нејзината мајка, откако пред нејзе ја отворила душата, грозоморниот чин го пријавила во штипската полиција.

Според она што го раскажала, се се случило лани пред Нова година, кога  32 годишниот роднина затропал на нивната врата,а таа била сама во куќата.

Под изговор дека ги бара нејзините баба или дедо, малолетничката не претпоставивајќи што ќе и се случи, го пуштила братучедот внатре.

Искористувајќи го моментот, дека освен нив двајца, во куќата нема никој, тој се нафрлил врз малолетната бартучетка и ја силувал.

Заканата по живот ако некому каже што се случило и срамот од коментарите во јавноста, го натерале девојчето страшната тајна да ја крие во себе девет месеци. По обелоденувањето на случајот штипската јавност освен згрозеност, не покажа ниту најмалку милост кон ваквите извршители на овој вид на кривични дела.

Силувачите, особено лицата кои се осмелуваат засекогаш да ја уништата психата на еден млад живот заслужуваат најстрога казна, без можност за било какво помилување.

Инаку, полицијата откако ја нотирала изјавата на малолетничката, го повикала и посочениот роднина.

По препознавањето и извршениот разговор, надлежните истражни органи поднеле кривична пријава за полов напад на дете помало од 14 години…

Канал5

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1