Му зуело увото и отишол на лекар – нашле дека молец 3 дена му живеел во увото (Фото)


Британецот Роб Филдинг (43) открил дека пред извесно време имал непријатно искуство, откако молец му влегол во уво и три дена му зуел во главата. Додека се обидувал да го истера инсектот од своето уво случајно го турнал во внатрешноста на увото каде молецот се заглавал. По три дена мажот решил да побара лекарска помош.

– Сакав да излезам од својата кожа – изјавил несреќниот Роб.

rob-moljac-foto-dejli-mejl-1408995057-556873

Медицинските сестри во болницата биле шокиране кога разбрале што му се случило. Кога погледнале во неговото уво ја виделе само ногата на молецот кој се обидувал да излезе од увото. Филдинг бил испратен кај специјалист за уво, грло и нос каде бил подложен на хируршка интервенција која траела 90 минути.

– Беше неизмерно болно, бидејќи молецот се наоѓаше до ушното тапанче – изјавил Роб, татко на три деца, кои сакале да го задржат извадениот молец како домашен миленик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1