Македонија на листата по безбедност тука некаде со Украина ????


Македонија како и да е, не е земја каде е загрозена безбедноста, но и не е баш најбезбедна. Од друга страна, најопасните земји на светот се Северна Кореа, Сирија, Ирак, Авганистан, Бразил, Индија, Мали, Судан, Јужен Судан, Централни Африкански републики и Сомалија. Кон ове земји не се препорачува патување, освен ако мора.

makedonija-na-79-mesto-na-listata-na-najmirni-drzhavi-vo-svetot-181890Македонија не е во најбезбедните, но и нема сериозна опасност за безбедноста, во деталите се спомнува дека хомосексуалноста не е генерално прифатена, климата е поволна освен тоа што постои опасност од земјотреси, кои сепак се доста ретки. Канаѓаните мора да имаат виза за патување во Македонија, а со сите три вида визи (туристичка, бизнис и студентска) доаѓа препорака за останување најмногу до 90 дена во државата.

Бугарија е претставена како поопасна од Македонија поради чести протести и поголема можност за кражби, со Србија сме скоро исти, додека Косово е обележано како доста побезбедно, најверојатно поради странскиот мониторинг, но некои делови од него се обележани како далеку поопасни.

Најбезбедните места за патување во светот се Австралија, Бочвана, Канада, Чиле, поголемиот дел од Европа, Гренланд, Исланд, Нов Зеланд, Малезија, Јужна Кореа, Сад и Уругвај.

Најмирен континент е Европа со 13 од најмирните држави во светот. На Балканот, Србија е на 62-та позиција, Босна и Херцеговина е на 71-то место, а Црна Гора е на 73-тата позиција. Хрватска е на 28-та позиција, додека Словенија е најдобро пласирана од Екс-Југословенските држави и се наоѓа на 13-тото место.

bezbednost-drzaviАвганистан се најде на последното место поради лошата ситуација во државата, а веднаш над него се пласирани Сомалија и Сирија.

Во составувањето на листата, Институтот се раководи според бројни параметри меѓу кои се степенот на криминал, односот со соседните држави, терористичките напади, бројот на самоубиства и оружјето што го поседува државата.

Еве како изгледа список на држави поделени според 3 категории и тоа .. Земји во зони кои се означени како УЗБУНА, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, НЕСТАБИЛНИ и оние кои се одржливи и стабилни земји. На оваа листа Македонија е сврстена заедно со Украина, Кипар и Казахстан

Зона на многу висока узбуна
Јужен Судан, Сомалија, Централна Африканска Република

Втора зона висока узбуна
Чад, Авганистан, Јемен, Ирак, Сирија

Зона узбуна 
Нигерија, Кенија, Етиопија

Зоната на многу високо предупредување
Сиера Леоне, Мали, Република Конго,

Зона на високо предупредување
Израел / Западниот Брег, Кина, Фиџи, Русија, Босна, Србија

Зона на предупредување
Самоа, Казахстан, Кипар, Украина, Македонија …

Зона на мала стабилност
Антигва и Барбуда, Кувајт, Монголија, Романија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Грција

Зона стабилност
Катар, Коста Рика, Унгарија, Латвија, Обединети Арапски Емирати

Зона висока стабилност
Чешката Република, Уругвај, Јужна Кореја, Јапонија, Сингапур, Словенија, Белгија, Германија

Зона одржлива држава
• Во Холандија, Австрија, Канада, Австралија, Ирска

Зона висока одржливост
Финска

Според индексот на пропаднати земји пак, кој излегува веќе деветта година по ред, се темели на неколку нивоа, како социјални, политички, економски и воени, а во предвид се земени и степенот на сиромаштво, почитувањето на човековите права, економскиот развој, задоволството на граѓаните, државната безбедност, легитимноста на државата и останати.

На листата се наоѓаат вкупно 178 земји, а сериозноста на ситуацијата е означена со неколку нијанси: црвена (алармантна), портокалова (предупредувачка), жолта (стабилна) и зелена (одржлива).

Од земјите во регионот во првите 100 на листата пропаднати земји се најдоа Босна и Херцеговина (83) и Србија (92). Македонија го зазеде 112-то место, кое е со светло портокалова боја и спаѓа во категоријата предупредувачка состојба.

Во стабилна категорија, од земјите во регионот, се наоѓаат Црна Гора (134) и Хрватска (135), а Словенија води со 163-то место.

Најуспешни и најстабилни земји се Финска (178), Шведска (177), Норвешка (176), Швајцарија (175) и Данска (174). Целата листа ТУКА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1