Пратениците на ДПА и ДУИ физички се пресметаа на Комисијата за финансии и буџет. Собранискиот канал го прекина преносот откако по говорот на пратеникот на ДПА се виде како двајца пратеници Талат Џафери и Орхан Ибраими се борат на подот на салата.
По ова се вклучија повеќе пратеници во тепачката по што регираше обезбедувањето.
Еден од пратениците побарал и лекарска помош кај докторот во собраниската зграда.
Ова е продолжение на вчерашната жестока дебата за ребалансот на буџетот. ДПА ја обвинува ДУИ дека нема никакво влијание во коалицијата и дека не се грижи за потребите на Албанците.
Tepacka vo sobranie by 24vesti
Фото: Алсат/Видео – 24вести