Листерија е лоцирана во полнилка во “Пекабеско”


Бактеријата листерија е пронајдена преку земен брис од дел од полнилка во компанијата Пекабеско, потврди за НОВА Дејан Рунтевски директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако НОВА вчера објави документ од кој се гледа дека листерија е пронајдена кај уште еден производител на сувомесни производи.

rezultati od testiranje1(1) rezultati od testiranje(1)

„ Веќе се врши дезинфекција, се чисти и за два-три дена ќе почне да функционира овој дел од машината. Што се однесува до производот земен од кујната во болницата во Гостивар тој е негативен, изјави за НОВА, Рунтевски.

Тој не беше сигурен дали производите од оваа компанија се повлечени од маркетите. Првиот човек на Агенцијата за храна, Рунтевски соопшти дека кујната во болницата се уште се дезинфицира и реновира, по што ќе бидат земени мостри за за уште една анализа и дури по добивање на резулатите објектот ќе биде пуштен во употреба. Тоа нема да се случи до крајот на неделата потенцира Рунтевски.

Целата сторија на – Нова 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1