Градот стана жирант за барокот на „Водовод“


Град Скопје ќе му биде гаранција на ЈП „Водовод и канализација“ за заемот од 7,3 милиони евра кои претпријатието ќе ги земе од домашна банка за доизградба на својата административна зграда.

vodovod nova zgradaСоветниците од ВМРО-ДПМНЕ на бурна седница на градскиот Совет уште еднаш едногласно дадоа „амин“ за начинот на задолжување за барокниот објект, иако опозиционерите предложија тој да се продаде, а парите од продажбата да се искористат за поскромна зграда која би ги задоволила потребите на вработените. Предложија, ако веќе скопјани се задолжуваат со комерцијален кредит, градоначалникот Коце Трајановски да ги пренасочи парите за изградба на водоводот во Шуто Оризари, за кој, пак, Градот ќе се задолжува од Светска банка за дополнителни 106 милиони денари.

Инаку, кредитот што ќе го земе претпријатието за доизградба на управната зграда е со каматна стапка од 8 отсто на годишно ниво, со грејс-период 2 години и рок на отплата 10 години. Досега вкупните трошоци за изградба на објектот се околу 10 милиони евра. Сепак, директорот Бојан Василевски неодамна изјави дека толку и било планирано.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1