По пауза од пет години, водителката на некогашната семејна емисија „Дом и дизајн”, Искра Канзурова се врати на малите екрани со емисијата во живо „Збор по збор”, на ТВ Алфа. Во интервју за „Свет“ Искра вели дека живиот програм носи голема одговорност, бидејќи се што ќе изговориш , дали те боли грло, дали си уморен, публиката регистрира.
Тоа што нема влакна на јазикот вели и донело повеќе непријатели од пријатели.
– Сакам до мене да имам луѓе кои ќе ми ја кажуваат вистината, не сакам некој што само ми клима со глава, што трепка и што постојано се одобрува. Поаѓајќи од себе мислев дека и другите се такви, но испадна дека не е така, Сепак си ги имам вистинските пријатели,а јас на овие години не можам да се менувам веќе, и не размислувам веќе на таа тема. Таква сум, каква што сум, ќе забегаш ако се обидуваш да те сакаат сите – вели Искра.
Денес сопруга и мајка на две дечиња, на прашањето во какви односи е со својот поранешен сопруг Игор Џамбазов, Канзурова вели дека со него нема никаков контакт.
– Нормално дека тој беше дел од мојот живот и ќе остане дел од него, јас не бегам од тоа. Нашиот развод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата ни стана јасно дека ќе се случи. После нашиот развод ако за нешто сум му благодарна е тоа што немам лоши зборови чуено од него за мене, но ни тој од мене за него. Сепак бевме доста позната двојка и обично познатите двојки успеваат да подлегнат на озборувањата на публиката. Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене, на мене ми ја полнеа главата со лоши работи за него. Но ние си останавме коректни еден кон друг. И никогаш во јавност не сме изнеле нешто за другиот што тој не би сакал да се знае. Игор се си кажува сам во своите книги, во своите интервјуа, јас никогаш немам ниту дополнето ниту негирано нешто од тоа, за тоа сум му многу благодарна – вели Искра.
Повеќе прочитајте тука.