Свекрва ја изгладнувала снаата до смрт – починала во силни болки и агонија (Фото)


Јанг Тијан (26) од Кина завршила со ужасна смрт, а најзаслужна за тоа е нејзината свекрва.

Како што тоа е вообичаено, Тијан заминала да живее во куќата на сопругот веднаш по венчавката. На почетокот се било како во бајка, но наскоро Тијан дознала дека сопругот ја изневерува. Свекрвата ја тешела дека тоа е нормално, заради машките нагони. Девојката цврсто била решена на развод, но никако не и ги давале документите, па во безнадежност се обидела да изврши самоубиство, голтајќи една шака лекови.

Screenshot_55Иако докторите успеале да ја спасат, Тијан претрпела сериозни оштетувања и се здобила со сериозна болест – мозочна атрофија. Останала неподвижна и прикована за кревет, но и покрај тоа, била пуштена на домашно лекување.

За неполна година, колку што поминала во куќата на сопругот, од Тијан останале само „коски и кожа“. Кога нејзината млада сестра ја посетила, била запрепастена. Свекрвата пак, се правдала дека немало доволно храна за семејството, а уште помалку за Тијан.

Тијан починала на 1 август, годинава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1