Белата чума коси, македонската жена раѓа едвај две деца во просек


Бела чума, неродија. Старее нацијата. Се зголемува смртноста. Светска банка прогнозираше со ваков тренд  во 2100- та македонската нација ќе е кусок за 500 илјади луѓе. Годинава 1.500 првооделенци помалку се запишаа. Истокот е најмногу на удар. Во училиштето „Гоце Делчев“ од Штип, на пример, се запишаа само 73 деца, ќе има две паралелки, а  во третата ќе оди само едно дете.

bebe-u-porodilištu„Оваа година во споредба со претходната бројот е намален, меѓутоа тоа е проблем на државно ниво. Знаеме дека наталитетот се намалува“, вели Елена Ташкова, директор на ОУ „Гоце Делчев“ Штип.

Од 80 години во минатиот век, Македонија влезе во земјите со низок наталитет. Многудетноста некогаш вообичаена сега е минато. Македонската жена раѓа едвај две деца во просек. Експертите алармираат процесот што почнал со миграциите село град мора да запре.  Жената од градот раѓа помалку од онаа на село, ама и се помалку младите склопуваат бракови.

„Од 27 илјади живородени деца пред 5-6 години, веќе сега бројката е спуштена на 23-24 илјади и тука некаде стагнира. Нашиот наталитет 11,4 промили е понизок од голем број развиени земји во Европа- Шведска над 14, Франција, Исланд 16. Она што е најдобар индикатор, т.н. тотална стапка на фертилитет или кумулативна која е под 1,50. Тоа значи дека нашата жена во нејзиниот фертилен период од 15-тата до 49-тата година не раѓа ниту 2 деца“, објаснува универзитетскиот професор Славе Ристовски.

Властите последните години воведоа низа  мерки за зголемување на наталитетот. Помош на понеимотните, проектот трето дете и други мерки, но потребно е , сметаат експертите и подобрување на социолошкиот моментум.

MTV

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1