Франција во паника: Поранешната прва дама во строга тајност напишала книга


Поранешната партнерка на францускиот претседател Франсоа Оланд, Валери Трирвелер во четврток ќе објави книга за својот престој во Елисејската палата и крахот на врската со Оланд.

Книгата е напишана во најголема тајност, а француските медиуми предвидуваат дека ќе ја разниша Елисејската палата.

Valeri i olandСтанува збор за вистинска„книжевна бомба“, која им се провлече на елисејските надзорни системи, а како што велат оние малубројните што ја прочитал, „погубна е по шефот на државата“, пренесува весникот Le Figaro.

Од окружувањето на Оланд тврдат дека не знаеле за книгата, а еден од неговите најблиски соработници рече дека претседателот е вџашен од веста за книгата, која ја слушна во средата, како и сите останати.

Валери трирбелер, новинарка по професија, во интервју за весникот Le Parisien изјави дека апсолутно никој не знаел за книгата, чиј наслов е „Благодарам за овој миг“.

„Се што напишав е вистина. Во Елисејската палата понекогаш се чувствував како да правам репортажа. Премногу лаги истрпев за да лажам и јас самата“, напиша Трирвелер во воведот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1