ФОТО: Филмски грабеж ноќеска во Карпош


Вчера околу 20.30 часот во “Тинекс“ маркетот лоциран во скопската населба Карпош 4 имаше обид за грабеж.

Маскиран разбојник влегол во маркетот на ул.Никола Парапаунов и се обидел да ограби една од касите. На вработените им се заканил со спреј. Откако тие не му дале пари, тој грабнал дел од робата, чоколади и слично и избегал од маркетот.

Две од вработените трчале по него, тој ги испрскал со спрејот по лицата,  во гужвата испуштил дел од производите што ги украл, но успеал да побегне.

Пред неколку дека дуќан во Карпош беше ограбен од маскирано момче кое употреби спреј да ја офарба безбедносната камера. И овој крадец се уште е во бегство.

IMG_2641-480x360 IMG_2640

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1