Утврдена е причината за уривањето, но јавноста се уште не смее да ја знае!


Омер Кулиќ, шефот на истражниот тим за утврдување на причината за уривањето на авионот со Македонски претставници во Мостар во 2004-та година, кога загина и претседателот Борис Трајковски, изјавил дека причините се целосно утврдени, но јавноста се’ уште не смее да ги знае.

Тој за агенцијата Срна изјавил дека до крајот на септември, на локалните власти и обвинителството на БиХ како и македонските власти и обвинител ќе им биде предаден извештајот за таа несреќа.trajkovski kinger

“Во истрагата се вклучени сите детали од тој настан, не смеам да кажам кој е одговорен, нашата задача е да се истражи несреќата и што довело до уривањето на авионот, а нивна одлука е што ќе прават со тоа понатаму, такви се светските стандарди при ваквите активности”, изјавил Кулиќ.

Истрагата за падот на авионот “kinger” повторно е отворена на барање на Македонија, по собраните дополнителни докази за македонското Министерство за внатрешни работи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1