Времето денес променливо облачно и нестабилно со пороен дожд


Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално врнежите ќе бидат и поизразени со интензивен пороен дожд, засилен ветер и силни електрични празнења.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 19 до 27 степени.

dozdВо Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Слично време се очекува и во туристичките региони каде ќе има повремени врнежи од дожд со појава на грмежи особено во попладневните часови. Во охридско-преспанскиот регион температура ќе достигне до 22, а во дојранскиот до 26 степени.

Позначителна промена на времето не се очекува и во наредните денови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1