ФОТО: Врие полиција пред Тинекс во скопски Карпош


Вечерва околу 20.30 часот во “Тинекс“ маркетот лоциран во скопската населба Карпош 4 имаше обид за грабеж, јавува Лидер.

Маскиран разбојник влегол во маркетот на ул.Никола Парапаунов и се обидел да ограби една од касите. На вработените им се заканил со спреј. Откако тие не му дале пари, тој грабнал дел од робата, чоколади и слично и избегал од маркетот.

img2642-480x360Две од вработените трчале по него, тој ги испрскал со спрејот по лицата, но во гужвата испуштил дел од производите што ги украл, но успеал да побегне.

Вработените, велат очевидци се пожалиле на болки и солзење во очите, а веднаш потоа била повикана и полиција.

Купувачите кои во тој момент влегле во маркетот без да знаат за грабежот, велат дека се почувствуале нелагодност при дишењето како последица на испрсканиот спреј.

Вечерва по 22 часот Тинексот беше затворен, но вработените видно вознемирени од случката останаа пред маркетот и разговараа за преживеаното.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1