Кичевчанка на 71 година стана бруцош


Дека никогаш не е доцна да се стане академски граѓанин, најдобро зборува ентузијазмот на 71-годишната Елена Божиновска од Кичево. Таа е и официјално е највозрасниот бруцош во Македонија, откако се запиша на Технолошкиот факултет во Кичево. Таа е пензионирана судијка, која во меѓувреме, посакала да стане и технолог – нутриционист, јавува Канал5brucos-500

Пред да се пензионира Божиноска важела за една од најстрогите, но и најправичните судии во Основниот суд во овој град. На 27 години дипломирала на Правниот факултет во Скопје, а предходно студирала на Металуршкиот факултет во Бор. Со читање на книги, на романи на енциклопедии, сега е во потрага по вистинскиот одговор како со здрава храна да се победат сите болести на органите за варење.

Со работа во својот овоштарник и во својата градина, со везење и плетење, со убедување дека за наука никогаш не е доцна, Елена верува дека четириесетината испити ќе ги положи навремено. Ако до пред седум години била добар судија сега сака дека биде уште подобар дипломиран инжинер технолог – нутриционист.

Од своите 50 години помлади колеги очекува помош и соработка. А тие горди што во нивната генерација ја имаат Елена сакаат и таа да им помогне и да им пренесе дел од нејзините животни искуства.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1