Големо апсење во Скопје – паѓат крупни “риби” – уапсени шефови од царина


Големо апсење било спроведено попладнево во македонската царина.

carinaНеколку цариници и уште две лица кои не се вработени во Царина се уапсени, дознава АЛФА од свои извори на внатрешна контрола на Царинската Управа.

Се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластувањата и прикривање.

Според првичните информации тие за себе присвојувале предмети од привремено одземената стока на скопскиот аеродром или ја заменувале со неоригинална.

Штетата достигнала десетици илјади евра.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1