Најавената промена на времето започна во Скопје – вечерва главниот град е зафатен со силен ветер проследен со врнежи од дожд.
Ваквото време, според метеоролозите, ќе донесе драстична промена на временските услови до утре и вистински есенски температури.
Температурата во Скопје во моментов се спушти на 17 степени, а во следните денови метеоролозите очекуваат и дополнително заладување.
Календарски, есента во Македонија и на северната хемисфера пристигнува утре, нешто пред пет часот изутрина.
Faktor.mk