НЕВРЕМЕ: Силен ветер со дожд во Скопје


Најавената промена на времето започна во Скопје – вечерва главниот град е зафатен со силен ветер проследен со врнежи од дожд.

Ваквото време, според метеоролозите, ќе донесе драстична промена на временските услови до утре и вистински есенски температури.dozd skopje

Температурата во Скопје во моментов се спушти на 17 степени, а во следните денови метеоролозите очекуваат и дополнително заладување.

Календарски, есента во Македонија и на северната хемисфера пристигнува утре, нешто пред пет часот изутрина.

Faktor.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1