Околу 20 лица се повредени во сообраќајната несреќа во која утрово се преврте автобус на ЈСП утрово во 6:10 часот во Драчево. Од МВР информираат дека околу 6:10 часот на улицата „Драчевска“ од непознати причини автобусот „67“ на ЈСП излетал од патот и се превртел.
Повредените 20 патници со четири возила на Брза Помош биле пренесени на скопските клиники.
Според информации на порталот Здравство 24, 12 од патниците се транспортирани во Ургентниот центар каде е пренесен и возачот кој бил тешко повреден. На останатите повредени во тек се дијагностички процедури. Четири повредени има и во градската болница 8-ми септември кои според првичните информации се со полесни повреди. Четворица има и во Градската хируршка болница.
Во текот на денот се најавени подетални информации за повредените, а по завршување на полицискиот увид се очекува да бидат познати повеќе детали.
ФОТО: МИА/Kurir.mk