Возачот на автобусот не се сеќава како се случила несреќата во Драчево


Возачот на автобусот на ЈСП Скопје, кој утрово полн со патници се преврте кај Драчево, бил многу вознемирен и не се сеќава како излетал од патот. Причините за несреќата треба да ги открие увидот.165E367D67C2214B94D66EA481DC710C

„Возачот наш не знае што точно се случило. Тој не е повреден, но е видно потресен и вознемирен. Така што, за секоја дополнителна информација ќе ве информираме. Причината за несреќата се уште ја испитуваме. Можни се неколку причини – грешка на возачот од брзо возење, техничка неисправност на возилото, а кожно е нешто да излетало пред автобусот или автобусот да удрил во нешто. Точната причина треба да ја потврди Министерството за внатрешни работи со увидот на терен“, изјави директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов, кој утрово го посети местото на несреќата.

Николов нагласува дека според евиденцијата на ЈСП Скопје, автобусот бил технички исправен, врз него бил извршен технички преглед, а МВР повторно ќе проверува дали техничките служби соодветно го одржувале.

Според последните информации, бројот на повредени патници во автобусот се искачи на 50-тина. Тие побарале помош во Градската болница „Наум Охридски, Градската болница „8-ми Септември“ и на Ургентниот центар во Скопје. Дел со полесни повреди се пуштени на домашно лекување, а оние со посериозни се задржани на опсервација.

Полицијата и натаму врши увид на местото на несреќата и разговара со очевидци на настанот. Несреќата се случила нешто по 6 часот утрово, кога автобусот полн со патници, кој сообраќал на линијата бр.67, излетал од улицата и се превртел.

Фактор

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1