Легендарниот рокер Бора Чорба ќе стане дедо. Тој за српските медиуми откри дека неговата ќерка Тамара е бремена.
– Вистина е дека наскоро ќе станам дедо, но не би откривал нешто претерано. Тамара и понатаму работи во училиште, им предава на децата и е презадоволна, открил пејачот.
Бора моментално се наоѓа во Словенија каде е на турнеја.