Не нè враќајте во Албанија, таму нè чека сигурна смрт


Сакаме да им кажеме на сите во Шведска дека Албанија не е безбедно место поради крвната одмазда. Сигурна сум за тоа што нè чека ако нè вратат во Албанија, смрт, истакнува Силвана, која со уште седум Албанци штрајкува пред емигрантските служби

Емигрантите, всушност, чекаат пресуда по разгледување на нивниот случај од страна на шведските власти. Тие по секоја цена сакаат политички азил, а двајца од нив пред само неколку дена добиле негативен одговор. Нивната здравствена состојба, според албанските медиуми, е отежната. Во сите интервјуа за локалните медиуми направени со самите штрајкувачи или волонтери што ги поддржуваат, темата е иста: треба да им се даде статус на азиланти, крвната одмазда може да ги фати многу брзо, и во Шведска, пренесува косовскиот весник „Зери“.13069F4808884441999458B6127E80CF

Нивниот штрајк се базира на лишување од храна и седење во шатори. Штрајкувачите се на различна возраст, а меѓу нив не е само една жена, туку има и едно момче, кое е на возраст од само 15 години.

– Јас бев надвор и зборував со луѓето што штрајкуваат со глад, но тоа нема да влијае на идните одлуки на Емиграциониот совет. Ова нема да ја забрза одлуката и не може да ја смени, без разлика на резултатот, бидејќи ние ги земаме предвид фактите приложени за случајот – истакнал за локалните медиуми Kристијан Блакмон од имиграциската служба.

Штрајкувачите, кои имаат истакнато натписи како „Албанија не е сигурна, дајте ни шанса. Нема да се вратиме зашто сме мртви“, велат дека се подготвени и да умрат ако треба. Тие дури и се заканија дека ќе се лишат и од вода, но нивната адвокатка Евелина Латсон ги разубедила.

– Ако не добиеме политички азил и н` вратат, ние ќе умреме, така што можеме да умреме и тука – истакнуваат тие.

6.000 убиени поради крвна одмазда

Албанскиот народен правобранител минатата година објави податоци дека во 22 години транзиција, во Албанија се изброени 6.000 изгубени животи поради крвна одмазда и дури 10.000 изолирани фамилии што живеат во страв. Најголемиот број убиства извршени поради крвна одмазда се во Тирана, каде што фамилиите најчесто мигрираат за да се спасат. Жртвите претежно се на возраст од 21 до 37 години, а не изостануваат убиства на деца и жени, пишуваше лани албанскиот весник „Шекули“.

Заменик-министерката за образование и спорт, Нора Малај, излегува со свои бројки објаснувајќи дека 109 деца во Албанија не можат да одат во училиште поради изолација.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1