-Сигурни сме дека тоа не е мојата сестра, во шок изјавил Сречко Подрашиќ, братот на младата Ивана чие тело беше пронајдено во напуштена куќа во беградската населба Раковица.
Сречко како и останатите членови во семејството тврдат дека Ивана во секој момент ќе се појави на прагот на семејната куќа.
-Скоро 60 години живеам тука. Прв комшија сум со Подрашиќ и никогаш не сме се скарале. Децата се сјајни и пристојни. Ивана никогаш не бегаше од дома. Знам дека одеше во Шабац да им помага на жртвите од поплавите. Но, тоа никако не беше бегство од дома, изјавила Дура Томиќ соседка на семејството Подрашиќ.
На почетокот не се грижев!
Мајката на Ивана, Нада објаснила што точно се случило на 29 јули кога последен пат ја видела својата најмлада ќерка Ивана, пишува Новости.
-Ивана ми кажа дека сака да оди во Земун со друштво. Сакаше да оди на забава за да се опушти. Сопругот беше на работа, а јас и дозволив. И порано знаеше да замине со друштво негде на викенд. Секогаш се враќаше дома и ни се јавуваше кога планира да задоцни. Таа секогаш знаеше дека ние се грижиме за нејзината безбедност, изјавила Нада.
Меѓутоа, овој пат Ивана ниту се јавила ниту се вратила.
-На почетокот не се секирав. Знам што е младост, друштво и забава. Сето ова ми беше нормално за тинејџерски денови. Меѓутоа поминаа 20 дена а таа ниту се јави ниту се врати дома. Ме фати паника, додала таа.