Родители ова ни го гледаат децата како програма за сите возрасти !!!!!!


Во турска серија што оди во ударен термин, тринаесетгодишно девојче сакаат да го мажат, а кога тоа бега, го затвораат во самица и му даваат јаже самото да се обеси?! Кога не сака да се обеси, го „кршат“ од ќотек и сево ова оди во крупни кадри и во попладневните часови на телевизија. Во истата турска серија, таткото е присилен да го турне девојчето од карпа во вода додека друг човек му држи пиштол вперен во главата. Сето тоа се емитува под етикетата „програма за целата публика“.devojce gleda tv

Вакви и слични застрашувачки сцени од тепање, насилство и пиштоли секојдневно ги вџашуваат децата преку сериите што се емитуваат на националните телевизии. Дека влијанието на ваквата програма е големо, покажува и тоа што децата во градинките сѐ почесто комуницираат со жаргонот на турските серии и емотивно се соживуваат со страдањата на главните ликови. Психолозите со кои контактиравме, сведочат за ситуации кога децата се поврзуваат со турските серии до толку, што ги имитираат во градинките, а некои се плашат „мајка им да не ги омажи за непознат чичко“ како во серијата.

Психологот во првата детска амбасада „Меѓаши“, Јана Зенговска, вели

– Овие содржини можат да влеат страв кај децата, проблеми во сонот, ноќно мокрење, агресија, апатија и така натаму. Децата од ликовите во цртаните филмови и телевизиските серии, избираат свои омилени ликови херои, кои влијаат на нивниот идентитет и претстава за самите себе и често сакаат да ги имитираат во своето однесување. Затоа прикажувањето насилство може да поттикне насилно однесување и кај децата, особено на порана возраст. Кога се подготвуваат одредени програми, мора да се земе предвид начинот на кој ќе се прикажат одредени состојби и како тие ќе влијаат врз децата ако дојдат во контакт со нив – истакнува Зенговска.

Целата сторија на – slobodenpecat.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1