Две жени од кичевска Пласница се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот Гостивар-Тетово. Тие патувале во возило кое се превртело во близина на „неготинска клучка”.
Автомобилот „хјундаи-акцент” што го управувал 68-годишниот Р.Н. од Пласница Кичевско од сé уште неутврдени причини изгубил контрола и удрил во заштитниот ѕид.
Од ударот возилото се првртело на коловозот при што двете сопатнички Б.Н. (43) и М.Н. (38) се здобиле со тешки повреди.
Набрзо по несреќата, биле згрижени во гостиварската болница, а потоа како итни случаи се пренесени на скопските клиники.