Во болница во њујоршкото предградие Јонкерс синоќа се примени на набљудување 149 деца и осуммина возрасни.
Како што соопштија претставници на полицијата, мерката е преземена откако во училиштето истекол „непознат опасен материјал“.
Дел од учениците кои биле однесени во болница се почувствувале лошо, а другите биле ставени под лекарско набљудување како превентивна мерка.
Петмина од лицата се пожарникари кои први пристигнале на местото, а нема повредени во овој случај.
Работниците од спасувачките служби се обидуваат да ја утврдат причината за тоа што се случило. Се претпоставува дека извор на истекувањето на материјалот бил училишната кантина.