Последните зборови на Дениса : „Одам до тоалет и ќе си легнам“


Одам до тоалет и ќе си легнам – биле последните зборовите на исчезнатата Дениса Маркоска, по што ѝ се губи секаква трага.

Телевизија „Алфа“, повикувајќи се на член на фамилијата на 23-годишната прилепчанка, посочува дека критичната ноќ на 12 септември, околку 2.30 часот утрото, таа заедно со лице, чијшто идентитет засега не се открива, стоела и разговарала на палубата од бродот „Серенисима“.denisa brod

Дениса била облечена во пижами и патики. По разговорот рекла дека сака да си легне, но пред тоа ќе оди во тоалет, но од тогаш веќе никој не видел. Капетанот на екипажот дури утротo увиделе дека девојката не е на бродот. Најверојатно поради тоа одговорните дури тогаш, со доцнење го пријавил исчезнувањето.

Дали станува збор за нејзината цимерка, член на екипажот или гостин на туристичкиот брод, ќе се дознае од кога ќе се обелоденат деталите од истрагата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1