Претставувајќи ви ги најубавите автомобили во Скопје, ви останавме должни за уште еден убавец кој не смееше, а да не биде дел од нашето истражување, пренесува Нетпрес во четвртиот дел од „Луксузната автомобилска “ергела“ на македонските газди“.
-За овој бизнисмен се вели дека е голем љубител на автомобилите, а особена слабост му се англиските. Поседува едно неверојатно ласкаво милениче што секој би посакал да го има во својата гаража. Станува збор за македонскиот крал на билбордите Владимир Буцо Лазов и неговиот неверојатен и единствен Bentley Continental GT Speed. Горенаведеното задоволство може да го имате, ако од вашиот буџет одвоите скромни 300.000 евра, пишува Нетпрес.