Триесет и осумгодишна жена била соблечена гола среде улица и брутално претепана од други жени во Кина, а полицијата воопшто не се појавила, пишува Дејли мејл. Не помогнале ниту минувачите додека четирите жени ја тепале 38-годишната Лин Јао – и ја раскинале облеката, ја собориле на земја и ја скубеле безмилосно.
Во случајот Ли била опкружена од жените, додека се враќала од шопинг во Пујонг во источен Кина.
Локалниот жител Хун Фан, на 30 години, кој сепак и помогнал на жената, откако ја видел како лежи во беспомошна состојба, изјави за локалната телевизија.
“Овие нешта почнуваат да стануваат нормални. Гневот на сопругите и пријателките за одмаздување на изневерувањето на мажи со напад врз другата жена. А луѓето не се мешаат, бидејќи си велат дека тоа е “љубовен спор”.
Жената била однесена во болница, од сериозните рани, како и од добиениот шок.