„Република Горна Македонија“ да биде името на земјава за надворешна употреба, јазикот да се именува како „македонски“, а народот како „граѓани на Горна Македонија“ – ова е новиот предлог што на крајот на октомври во Атина и во Скопје би можел да го соопшти медијаторот Метју Нимиц – информира „Слободен печат“ повикувајќи се на свои неименувани извори.
Неодамна и грчка „Елефтеротипија“, повикувајќи се на „сигурни извори“ во седиштето на Обединетите нации, најави можност Нимиц наскоро да излезе со нов предлог за можно решение за прашањето за името.