Бензинските пумпи во Македонија ќе можат да служат храна 24 часа


До Собранитето на Република Македонија се доставени измените во Законот за угостителство, направени на барање на угостителите и сопствениците на бензинските пумпи, кои имаат објекти на магистралните патни правци, информираше денеска заменик министерот за економија Христијан Делев, при денешната посета на Штип.benzinskipumpo

– Тие до сега беа регулирани да работат 24 часа, само во делот на точење бензин и некои основни продукти кои што се продаваа на самите бензински. Сега се градат нови модерни бензински станици каде освен овие основни продукти се служи и храна и сопствениците бараат да се работи 24 часа, посебно во делот на угостителството, каде може да се сервираат и некои оброци, изјави Делев.

Подвлече и дека Владата ја увиде потребата на сопствениците на бензинските станици и реши да им излезе во пресрет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1