Човекот што заработи 150.000 долари на туѓа мака – продава домен ебола.ком


За добра заработка, екстремно важно е да го имате она уникатно „чувство за бизнис“ и да ја препознаете вистинската прилика. Се чини дека на американскиот бизнисмен Џон Шулц тоа добро му оди.

Имено, тој е сопственик на интернет домејнот Еbola.com, кој го купил во 2008-та година, за 13.5 илјади долари. Сега кога оваа опасна болест стана сериозна закана за човештвото, очекувано е вредноста на домејнот да порасне. И токму така, сега Шулц ја продава веб-адресата за цена од 150.000 долари.ebola.com_

 

Бизнисменот од Лас Вегас е сопственик и на неколку други карактеристични интернет домејни поврзани со опасни болести и закани по човештвото – birdflu.com, H1N1.com и fukushima.com.

Нормално, многумина го обвинија Шулц дека ја користи туѓата несреќа и човечките трагедии за да профитира. Но, бизнисменот очигледно добро се подготвил. Тој има интересен одговор:

„Истото можете да го кажете и за докторите. Тие се збогатуваат лечејќи ги тешко болните пациенти“, вели Шулц.

Исто така, тој смета дека домејнот ebola.com би бил исклучиво корисен за некоја фармацевтска компанија што развива вакцина за оваа опасна болест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1