Daily Mail за Неда Украден: Пази се Бијонсе! Баба од 64 години на твојата песна во подвезици!


„Пази се Бијонсе! Баба која има 64 години, танцува секси со твојата песна во црвен корсет и подвезици и добива овации!“, вака британскиот „Daily Mail” го наслови текстот за Неда Украден, која на отварањето на втората сезона од емисијата „Твоето лице звучи познато“ ја имитираше Бијонсе.

neda-ukraden-foto-printskrin-dejli-mejl-1413292535-581052-480x712
„Daily Mail“ наведе дека пејачката покажала дека се уште поседува Икс-фактор, појавувајќи се во ТВ шоу во секси долна облека, изведувајќи ја песната „Sweet Dreams” од Бијонсе.

„Бабата Неда Украден (64 години) од Белград, Србија, ги шокираше гледачите на шоуто кое помалку збунувачки се вика „Твоето лице звучи познато“. Во тоа шоу познати личности се појавуваат како имитатори на други пејачи и пејачки…Некогашната ѕвезда на југословенска поп музика, сега сопственичка на ресторан, доби овации која ја заврши изведбата, во која заводнички танцуваше како многу помладата колешка Бијонсе“, беше напишано, покрај другото, во статијата на „Daily Mail”.

Погледнете го настапот на Неда Украден во улога на Бијонсе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1