Киднапирање во Скопје: 13 часа свирепо тепале маж во стан во Центар (ФОТО)


СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата А.А. (22), Н.Љ. (23) и Ж.Љ. (26)  сите од Скопје, поради основано сомневање дека минатиот викенд, поточно на 12 овој месец сториле кривично дело – “противправно лишување од слобода“.

Од страна на Судија на претходна постапка на сите пријавени им се одземени патните исправи и им е наредено задолжително еднаш во неделата да се пријавуваат во надлежен Суд.

Кривичното дело пријавените А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. го извршиле во вечерните часови на 12.10. противправно лишувајќи го од слобода лице од Скопје и држејќи го 13 часови во стан во центарот на градот, при што свирепо физички и психички го малтретирале.kidnapiraniiii

Според дадените изјави на пријавените во полициска станица, причината за сторувањето на кривичното дело е тоа што oштетениот за паричен надомест им понудил да им издаде стан под закуп во ценарот на градот, кој стан не бил  негова сопственост, туку му бил даден за одржување од страна на негова пријателка.

Пријавените сметале дека се измамени од оштетениот и телефонски го повикале да дојде во станот за да се договорат околу закупот на станот и да ги потпишат документите во врска со истото.

Кога оштетениот пристигнал во станот веднаш бил физички нападнат од А.А., по што бил врзан и 13 часа пријавените го држеле затворен во станот  и при тоа за цело време на свиреп начин физички го малтретирале, нанесувајќи му повеќе телесни повреди по телото, изгореници со цигари, го терале да пие вода во која растварале некоја прашкаста материја и му задавале електро шокови со батериска направа. За цело време додека траело изживувањето тие го снимале со мобилни телефони, барајќи од него да признае дека ги измамил и да не го пријавува случјот во полиција, туку да каже дека го тепале непознати лица. По тринаесетчасовното свирепо малтретирање, пријавените му ја истрижиле косата на главата и со возило го однеле и го оставиле на улица во ценарот на градот од каде оштетениот успел со такси возило да стигне до ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување.

Веднаш по дознавање за кривично правниот настан, А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. од страна на полициски службеници на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА се лишени од слобода и во изјавите дадени во полициска станица во целост го објасниле начинот на кој го сториле делото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1