Бог ми го донесе вистинскиот – Благица Павловска си го најде мажот на животот


Благица Павловска во моментов е среќна и заљубена. Фолкерката која извесен период апстинираше од мажи и му се посвети на Бога и христијанството, вели дека конечно го нашла вистинскиот човек за неа кој комплетно ја исполнува во секоја смисла на зборот.

Благица Павловска во моментов е среќна и заљубена. Фолкерката која извесен период апстинираше од мажи и му се посвети на Бога и христијанството, вели дека конечно го нашла вистинскиот човек за неа кој комплетно ја исполнува во секоја смисла на зборот, пишува ВечерBlagica

“Јас долго време бев сама и другарував единствено со Бога. Успеав да се исчистам од сета негативна енергија која ме опкружуваше и поради тоа големиот Бог ми го донесе вистинскиот човек за мене. Не сум сама, но не сакам да откривам многу детали околу тоа. Среќна сум и тоа е најважно. Знаете, има многу љубоморни и завидливи луѓе на кои им пречи нечија среќа. Поради тоа не сакам да зборувам за приватноста и љубовниот живот”, рече фолкерката.

Освен што е љубовно исполнета, Благица, исто така, е и духовно препородена. Имено, таа има моќ да шири позитива и преку медитација ја пренесува својата енергија која ја има во големи количини. “Ја имам таа моќ да ја пренесувам мојата енергија на оние луѓе на кои им недостасува. Знаете, тоа не може да го разбере секој. Се прави исклучиво по пат на медитација и верба во Бога. Живееме во лошо време, сите се алчни и повеќе не постои љубов и разбирање. Ни недостасува позитивна енергија.

Поради тоа решив да ја споделам мојата и да им ја дадам на оние луѓе на кои им треба”, вели Павловска.    Таа планира наскоро да напише и автобиографија која ќе се вика “Горка вистина”. “Многу работи поминав во животот. Сакам да ги споделам со публиката. Поради тоа ќе напишам автобиографија во која ќе има делови и за кариерата, но и за приватноста. Насловот веќе го знам, а наскоро ќе почнам и со пишување на истата”, додаде Благица.  Оваа сабота таа ќе настапи на Валандовскиот фестивал и тоа со љубовна песна, а веќе од идната планира да влезе во студио каде ќе почне со снимање на нов материјал кој треба да излезе кон крајот на годинава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1