Четврток неработен! Еве кои денови ќе одмараме до крајот на годината


Денот на Македонската револуционерна борба, 23-ти октомври, четврток, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Празникот се празнува од 2007 година кога беше донесен новиот закон за државни празници.makedonija zname

Овој ден се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација. На 23-ти октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основале група која ја нарекле Македонски револуционерен комитет која се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија за формирање независна држава.

Ова се сите неработни денови до крајот на годинава:

· 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
· 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

· 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
· 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

· 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

· 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1