Никој не дава 3.000 евра за телото на Дениса да биде пренесено во Прилеп!


Кире Маркоски, таткото на прилепчанката Дениса е скршен од болка кој поради големата загуба, тагата во срцето и маката за ќеркичката, мора постојано да е во контакт со државните власти за да се заврши бирократскиот дел за транспортот, објавува PlusInfo.

denisa brod1  

–  Ме контактираа од МНР, потпишував документи за транспорт, ама се сами треба да си платиме. Денар немаат дадено од компанијата за која работеше ќерка ми и за превоз на нејзиното тело. Ниту една банка – вели за плус инфо таткото на Дениса.

Пред неколку дена, офицер на македонскиот оддел на Интерпол им ги донесе резултатите од ДНК анализата која е направена во Грција, која со 99,9 проценти сигурност потврди дека телото кое беше пронајдено од грчката крајбрежна стража е на Дениса Маркоска. Нејзиното семејство се посомнева во обдукцијата и најави дека ќе побара да се повтори постапката во Македонија.

Директорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума потврди дека тие се спремни да извршат таканаречена реобдукција, но за нив не е доволна желбата на семејството, туку најважна е наредбата од јавниот обвинител Марко Зврлевски. Само тој, нагласи Дума, може да нареди реобдукција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1