Сите жени се исти, човек малку ќе се запие и веднаш драматизираат, мислевме дека барем Анџелина Џоли покажува малку разбирање за ваквите ситуации, сме се лажеле. Бред се поднапил и заборавил да и се јави, и сега тешко него!
Актерот си „пијуцкал“ цела вечер во пабот на Гај Ричи во Лондон, кога се вратил дома Анџелина била „бесна како жена“:). Виновно е британското пиво, се правдал Бред. Како и да е ќе мора да се смират затоа што имаат свадба за организирање. Гламурозен настан на кој невестата ќе пристигне со мотор. Ќе присуствуваат многу нивни пријатели меѓу кои Џорџ Клуни, Џони Деп, Том Круз, Мет Дајмон. На свадбата ќе пее Боно Вокс.