Пет минути молк, па изливи на бес и викотници од болка, предизвика одлуката Милош Бојаниќ (28) да биде пуштен на слобода.
Тој во 2008-ма година со ловџиски нож ги уби 20-годишниот Марко Миланов и 21-годишниот Марко Живоиновиќ пред ресторан во Белград.
Беше осуден на 20 годишна казна затвор, но сега може слободно да шета низ градот кој го зави во црно.
Апелациониот суд му ја поништи пресудата. Го ослободија пред две недели, а неговиот соучесник кој беше осуден на 7 години затвор бил пуштен на слобода уште пред две години.
Огорчени од оваа пресуда, нивните семејства и пријателите излегоа на улица да бараат правда. Мајката на Живоиновиќ вели дека никогаш нема да дозволи човекот кој го распара срцето на неговото дете, да биде на слобода.
-Тој е опасност за цел народ. Може пак да оди во кафеана, да извади нож и да убие некого. Јавно го прашувам Судот, што треба монструмот да направи за да скапе во затвор, истакна Весна Живоиновиќ.
Сестрата на другата жртва неможеше да го сокрие гневот кога ја слушна одлуката на судот.
-Судската постапка трае пет долги години. Навистина сме огорчени затоа што ние како семејства постојано трпиме нови болни удари. Пет години одиме на суд, а како да одиме на театар. Претрпевме се- ни се потсмеваа и не потценуваа. Бојаниќ се однесуваше како ние да сме му убиле некого, а не тој нас. И толку сме сега очајни, рече Ана Миланов.
Кобниот ден
Жртвите пристигнаа во кафеаната за да го прослават 18-тиот роденден на заеднички пријател. На соседната маса седеле Милош, другарите и две девојки.
Еден од другарите на Марко и Марко на таа маса ја приметил својата поранешна девојка и отишол да ја поздрави. Насилно го избркале. Бојаниќ брзо ја платил сметката и излегле надвор. На излегување се скарале, дошло до крвава пресметка која заврши кобно.